Одегард го посрамоти Донарума како никој досега (ВИДЕО)

Арсенал се наоѓа пред освојување на Комјунити Шилд, откако води со 3-0 против Манчестер сити во завршницата од натпреварот, а третиот гол на „топчиите“ привлече посебно внимание.

Лондонскиот тим тактички го намудри гигантот од Манчестер, а третиот гол беше вистинско понижување за голманот Џанлуиџи Донарума, откако Мартин Одегард го „легна на тревникот“, а потоа ја затресе мрежата.