Беше најдобар стрелец во Ла Лига, сега ќе игра во Болоња!

Кариерата на Артем Довбик не се движи во нагорна линија откако во 2024 година беше најдобар стрелец во шпанската Ла Лига.

Во својата деби сезона за Жирона, Довбик постигна 24 голови и беше најдобар стрелец во Ла Лига.

Потоа замина во Рома, но не беше ниту сенка на оној од Жирона. Довбик сега прави нов трансфер, се сели во Болоња.

Договорот е постигнат, Довбик утре ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договор со Болоња до 2027 година.

Во спротивен правец, од Болоња во Рома оди Сантијаго Кастро.