Сузуки е на слатки маки, ќе бира меѓу ПСЖ и Јувентус!

Јапонскиот голман, Зион Сузуки е на сцена, голема е веројатноста дека ќе ја напушти Парма ова лето и ќе се пресели во многу поголем клуб.

Сузуки важи за фантастичен голман, а по партиите на Светското првенство дополнително го привлече вниманието на себе.

Последните информации велат дека ПСЖ и Јувентус се веќе во преговори со Парма за можен ангажман.

Сузуки може да бира каде ќе оди, а двата клуба имаат различни планови со него.

ПСЖ во Сузуки гледа како инвестиција за иднината и не може да му гарантира првотимски статус.

Додека пак Јувентус го планира за стартен голман доколку не успеат да го ангажираат Дибу Мартинез.