Охрид го понижи и прегази Пелистер како никогаш досега!
По водството на Охрид на стартот (3-2), Пелистер успеа за првпат да го сврти резултатот во своја корист (4-3). Сепак, тоа траеше кратко затоа што голманот Кристија Пилиповиќ одбрани неколку важни удари, а потоа Охрид влезе во серија за на паузата да замине со 13-11.
Пелистер се распадна на стартот на вториот дел, а грешките во нападот и очајната одбрана знаеше како да ги казни Охрид кој стигна до 20-15.
Охрид го засили темпото во последните 10 минути, па стигна во еден момент и до водство од „плус девет (27-18), по што Пелистер успеа во финишот да ја намали негативата на четири голови (25-29).
„Зелено-белите“ во изминатите сезони беа доминантни против „гладијаторите“, но денеска беа немоќни на тешкото гостување.
Вардар е лидер со 32 бодови, по што следи Пелистер со 28, додека Алкалоид и Охрид имаат по 27 поени.
На останатите натпревари, Тиквеш го совлада Пелистер 2 со 27-26, додека Прилеп беше подобар од Струга со 33-25.