Aтлетико го победи Хетафе и продолжи да ги брка Реал и Барса (ВИДЕО)
Избраниците на Диего Симеоне уште во првото полувреме завршија голем дел од работата. Алекс Баена во 10. минута донесе водство со прекрасен удар од далечина, а Џони Кардосо во 30. минута ја зголеми предноста по една корнер-ситуација.
Одличен натпревар одигра Хулијан Алварез, кој беше асистент при двата погодоци. Конечните 3-0 ги постави Алехандро Грималдо од пенал во судиското продолжение.
🇪🇸🔴⚪️ ALEJANDRO GRIMALDO SELLÓ LA GOLEADA DEL ATLETI EN EL COLISEUM 🔥 Getafe 0-3 Atlético de Madrid | LaLiga de España https://t.co/xaAZBSx59j
— Ligas Top del Fútbol (@LigasTopFutbol) November 22, 2026
Атлетико можеше да слави и поубедливо, но голманот Даниел Сорија со неколку одлични интервенции го спаси Хетафе од уште потежок пораз.
Со новите три бода, мадридскиот тим останува на третата позиција со 31 бод, два помалку од второпласираниот Реал Мадрид и пет од лидерот Барселона. Хетафе, пак, е на 17. место, само бод над опасната зона.