Алкалоид со една нога е во осминафинале - го прегази Горење! (ФОТО)
Гостите од Словенија подобро го почнаа натпреварот и поведоа со 4-1, но тука Алкалоид полека почна да ја презема контролата и до крајот на првиот дел го сврти резултатот во своја корист за на одмор да замине со предност од веќе пет гола разлика (15-10).

Сигурната игра на македонскиот претставник продолжи и во вториот дел, Горење во ниту еден момент не ја загрози победата, напротив Алкалоид ја зголеми разлика и си обезбеди предност од девет гола за реваншот во Словенија кој е на програмата за седум дена.
Предноста од девет гола беше и најголемата која ја имаа избраниците на Лазаров во текот на целиот натпревар. Митев и Сухолежник беа најефикасни со по пет гола, додека еден помалку додадоа Костески и Игор Ѓоргиев.




