Милан „пукна петарда“ и го прескокна Комо на табелата (ВИДЕО)

Mилан влезе во серија од три победи во Серија А откако денеска без многу проблеми го совлада Фросиноне со убедливи 5-1.

Mилан влезе во серија од три победи во Серија А откако денеска без многу проблеми го совлада Фросиноне со убедливи 5-1.

Фаворитот многу брзо најави во каква насока ќе одат работите откако во четвртата минута Калвани си постигна автогол, а во 19-тата Гонзало Рамош постигна втор гол. Само шест минути подоцна Масини го врати Фросиноне во игра.

Со 2-1 на семафорот се замина на паузата, а само што почна вториот дел Јашари во 48-та минута се погрижи за Милан повторно да има два гола предност. Дека бодовите ќе останат во Милано стана јасно на истекот на еден час игра кога Сисе зголеми на 4-1. Конечни 5-1 ги постави Пулишиќ осум минуто подоцна.

На табелата Милан дојде до 27 бод на четвртата позиција и го остави Комо со 26 зад себе, Интер кој игра вечерва со Аталанта е пред „росонерите“ со 28. На врвот се римските ривали Лацио со 32 и Рома која има два помалку.