Ескалација на нервозата: Фермин доби црвен картон од клупата
Младиот шпански репрезентативец имаше важна улога во пресвртот на каталонскиот тим. Барселона губеше со 0-2 по само седум минути игра, но успеа да се врати во натпреварот, а токму Фермин го постигна голот за израмнување на 2-2. Тој беше заменет во 68. минута, кога на негово место влезе Дани Олмо.
Сепак, неговиот настап не заврши мирно. Додека седеше на клупата, Фермин бурно реагираше на една судиска одлука и бараше пенал по дуелот врз Ентони Гордон. Четвртиот судија го известил главниот арбитар Алехандро Ернандез Ернандез за протестите на фудбалерот, по што следуваше директен црвен картон.
Интересно е што телевизиските камери не го прикажаа моментот на покажување на црвениот картон, туку само заминувањето на Фермин кон соблекувалната. Реакцијата на клупата на Барселона продолжи и по исклучувањето. Ханси Флик жестоко протестираше поради одлуката на судијата, па и германскиот стратег доби жолт картон.
Фермин ќе го пропушти следниот натпревар на Барселона против Ла Коруња, а дополнително се очекува да биде позната и дисциплинската казна за неговото исклучување.