Струга со пресврт го освои Штип, Алији постигна гол директно од корнер! (ВИДЕО)
Во воведните минути од натпреварот ниту една од екипите не се закани посериозно, но потоа Брегалница беше поконкретна во нападот и конечно до водство стигна со погодокот на Глигоров.
Струга на почетокот на вториот дел израмни со гол директно од корнер на Алтин Алији, додека во финишот од средбата Радески обезбеди целосен пресврт (2-1) и три бодови за гостинската екипа.
По 14 одиграни кола, Струга е лидер со 32 бодови, додека Брегалница е на седмата позиција со 14 поени.
Фото: Facebook/F.C. Struga