Охрид го заверува осминафиналето во ЕХФ Купот, Алкалоид ќе се соочи со Горење!
Актуелниот освојувач на натпреварувањето ќе се соочи во реваншот против литвански Драгунас Клаипеда во салата „Билјанини Извори“ од 18 часот, а „гладијаторите“ веќе се на чекор до осминафинале.
Охрид во првата пресметка славеа убедливо со 30-19 и обезбедија предност од 11 голови. Со поддршка од домашната публика, охриѓани ќе имаат задача само да го потврдат тоа што го најавија со одличното издание во првиот дуел.
Вечерната програма продолжува во Скопје, каде што Алкалоид ќе се соочи со сериозен предизвик. Тимот предводен од Кирил Лазаров од 19:30 часот во салата „Автокоманда“ го пречекува словенечкиот Горење Велење, во првиот натпревар од двомечот.
Алкалоид во оваа пресметка влегува со дополнителна самодоверба по големата победа над Пелистер со 30-28 во домашното првенство. Горење Велење, од друга страна, нема победа на последните три меча во сите натпреварувања и вечерва ќе има тешка задача да го запре составот на Лазаров.
Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid