Барселона со пресврт го реши Виљареал, Јамал постави негативен рекорд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона се извлекоа од неповолна ситуација и триумфираа со пресврт (3-2) против Виљареал во драматичен меч на „Камп Ноу“, додека Ламин Јамал постави негативен рекорд.

„Жолтата подморница“ во воведните седум минути постигна дури два гола (2-0), со што Барселона се најде во лоша позиција, а се посрамоти и Ламин Јамал.

Јамал промаши пенал во 23. минута и стана најмладиот фудбалер во Ла Лига кој промашил три пенали пред својот 20. роденден.

Барселона, сепак, направи целосен пресврт во вториот дел со головите на Мартин, Фермин и автоголот на Наваро.

Екипата на Ханси Флик е лидер во Ла Лига со 36 бодови, односно три повеќе од Реал Мадрид.

Фото: Facebook/FC Barcelona