Јувентус преспа едно полувреме, па ја потопи Венеција (ВИДЕО)
Првото полувреме помина без многу шанси на двете страни и без погодоци, но затоа „Старата дама“ се разбуди во вториот дел и постигна дури четири гола.
Волтемаде ја отвори серијата во 53. минута, а потоа стрелаа Копмајнерс, Кабал и Коло Муани до 71. минута со што Јувентус обезбеди триумф од 4-0.
Јувентус со оваа победа скокна до шестата позиција и има 21 бод, додека Венеција е претпоследна со шест поени.
Фото: Facebook/Juventus