Историја: Марк Маркез ја освои 10. титула во кариерата! (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја обезбеди титулата во Мото ГП шампионатот за 2026 година, откако на Големата награда на Португалија во Портимао ја заврши трката на осмото место, со што ја потврди недостижната предност пред последната трка во сезоната.

За Маркез ова е десетта светска титула во кариерата, а осма во најсилната категорија, односно во кралската класа. До трофејот стигна по сезона во која повторно ја покажа својата класа и константност.

Пред трката во Португалија имаше 55 бода предност пред Хорхе Мартин, а за да ја завери титулата му беше потребно да заврши меѓу првите девет, без оглед на резултатот на главниот ривал.

Фото: Facebook/Ducati Corse