Резерва го израдува Јувентус на гостувањето во Болоња (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус ја оствари третата победа на гостински терен оваа сезона откако вечерва славеше на гостувањето кај Болоња со 1-0.

Херој на „бјанконерите“ беше Кабал кој го постигна победничкиот гол, само три минути откако влезе во игра на местото на Камбијазо. Во финишот од мечот Болоња ја имаше иницијативата, но не успеа да израмни и да освои барем бод на овој меч.

Со денешната победа Јувентус ја помина Болоња на табелата и се искачи на петтата позиција на табелата со 26 бода.