Реал даде пет гола за едно полувреме, Борусија ја запре серијата на Арсенал на „Емирати“ (ВИДЕО)

Фудбалската вечер во Лигата на шампионите очекувано донесе нови возбудувања за љубителите на фудбалот..

Реал Мадрид пред своите навивачи го прегази ПСВ Ајндховен со 5-1 и покрај тоа што имаше негатива по првото полувреме, по голот на Иван Перишиќ од пенал во 32. минута, Продолжението од натпреварот донесе целосно поинаква слика на „Сантијаго Бернабеу“.

Федерико Валверде во 50. минута го израмни резултатот, а Џуд Белингам десет минути подоцна направи целосен пресврт. Потоа на сцена стапи Килијан Мбапе, кој со два погодока во 64. и 84. минута ја зголеми предноста на домашните, а точка на убедливата победа стави Винисиус Жуниор со погодокот во 87. минута.

 

 

Во Лондон, Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија на домашен терен откако одигра 1-1 против Борусија Дортмунд.

„Топчиите“ поведоа уште во 10. минута со прекрасниот погодок на Виктор Ѓокереш, кој со удар од далечина го совлада противничкиот голман. Арсенал имаше контрола во првиот дел, но не успеа да ја искористи предноста за да го реши натпреварот. Казната пристигна во 55. минута, кога Максимилијан Бајер ја искористи добрата акција на гостите и донесе израмнување. До крајот двата тима имаа можности за победа. Деклан Рајс ја погоди стативата, а и Борусија беше блиску до втор гол, но резултатот остана непроменет.

Со ова е означена крај на победничката серија на Арсенал на Емирати. „Топчиите“ славеа на последните десет меча пред своите навивачи, а последен пат не успеаја да победат на 26 април годинава, против Спортинг кога одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ
Арсенал - Борусија 1-1
Комо - АЕК 1-0
Феенорд - Порто 0-1
Манчестер Сити - Наполи 2-2
Лајпциг - Ленс 3-1
Реал - ПСВ 5-1
Слован - Бетис 0-2