Феликс го украде шоуто - супер ножички од врвот на шеснаесетникот за победа на Ал Наср (ВИДЕО)
Португалскиот ас го реши натпреварот во 52. минута, кога по нафрлување со глава свој соиграч, од работ на шеснаесетникот со спектакуларни „ножички“ ја смести во горниот лев агол од голот. Голманот на гостите немаше никакви шанси да интервенира.
Погодокот предизвика воодушевување, а веќе се најавува како еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“ за најубав гол на годината.
Инаку, Ал Наср поведе во 13. минута со голот на Кристијано Роналдо од пенал, но Ал Сад возврати преку Мохамед Ваад во 22. минута. Гостите дополнително си ја отежнаа задачата во судиското продолжение од првиот дел, кога Ваад доби црвен картон по интервенција на ВАР.
Со играч повеќе, Ал Наср го искористи просторот во второто полувреме, а Феликс со својот еврогол ги постави конечните 2-1. За саудискиот состав ова беше трета последователна победа во натпреварувањето, со која стигна до девет бода и продолжи со успешните настапи во азитската елита.