Синер имаше успешна операција - ќе го пропушти Австралија опен!
Поранешниот прв тенисер во светот имаше проблеми со повреди во изминатите месеци, па поради тоа одлучи да оди на операција.
„Во текот на претходните месеци, се обидовме сè со мојот тим, но немаше напредок. Моето колено не реагираше како што се надевавме. Поради тоа мораше да одам на хируршка интервенција“, кажа Синер.