Македонија до 15 години го загуби првиот контролен меч против Србија
Матеја Молдовановиќ ја доведе Србија во водство во 11. минута, а Новак Туфекџиќ во 33. минута ја зголеми предноста на 2-0. Пред паузата, односно во 41. минута, Филип Аврамовиќ погоди за убедливи 3-0.
Единствениот гол за Македонија го постигна Габриел Фударски Митев во второто полувреме за конечни 1-3.
Вториот меч меѓу екипите се игра в четврток од 13 часот.
Фото: ФФМ