Евролига тргнува по стапките на НБА - ќе формира ново натпреварување!

Европската кошарка би можела да добие уште едно интересно натпреварување, откако Евролигата решила да подготви проект за формирање сопствена летна лига, по примерот на НБА.

Според информациите на „Еврохупс“, премиерното издание на турнирот е планирано за летото 2027 година, а првичниот формат би вклучувал шест екипи. Целта е натпреварувањето постепено да се развива и со текот на годините да прерасне во редовен дел од меѓународниот кошаркарски календар.

Турнирот би траел околу 10 дена, од кои седум би биле исполнети со натпревари. Планирано е да се одржи по завршувањето на домашните првенства во Европа, а пред почетокот на познатата летна лига на НБА во Лас Вегас.