Ужас на меч во Сицилија: Добил црвен картон, па се вратил на терен со - нож во рака!

Натпреварот од третата аматерска лига на Сицилија меѓу клубовите Галактик Паолини и Атлетик Партана, одигран во неделата наутро, беше прекинат откако исклучен домашен фудбалер се врати на теренот со нож в рака.

Инцидентот започнал откако домашниот играч заработил директен црвен картон поради намерно удирање противнички фудбалер во момент кога играта била во прекин. Набргу потоа, тој се вратил од соблекувалната, влегол на теренот со нож и почнал да им се заканува на тренерот, раководството и фудбалерите на гостинскиот тим.

Според пријавата на Атлетик Партана, играчот во еден момент со едната рака го фатил за врат еден од нивните клупски функционери, додека во другата го држел ладното оружје. Поради сериозноста на ситуацијата, главниот судија веднаш донел одлука трајно да го прекине натпреварот, а потпретседателот на гостинскиот клуб повикал полиција. Полициските службеници по пристигнувањето на теренот ги испитале сведоците и ги идентификувале сите лица вклучени во инцидентот.

Настанот наиде на остра осуда и од челниците на италијанскиот аматерски фудбал.