Дончиќ промаши 16 шута, ама пак беше најдобар (ВИДЕО)
Словенечкиот ас постигна 28 поени, дополнети со осум асистенции, но имаше проблеми со реализацијата. Дончиќ погоди само осум од 24 обиди од поле, односно три од 14 обиди за три поени. Сепак, неговиот придонес во играта на Лејкерси беше доволен за убедлива победа.
Лејкерс имаа контрола во првото полувреме и во еден момент предност од 16 поени, но Јута не се предаде. Гостите се вратија во игра во третата четвртина и дури накратко го презедоа водството. Сепак, домашниот тим одговори на почетокот на последниот период со серија од 17-5 и го реши прашањето околу победникот. Покрај Дончиќ, кај Лејкерс се истакна Џејк Ларавија со 15 поени и 10 скокови, додека Матис Тајбул постигна 14 поени. Во составот на Јута најдобар беше Кајл Филиповски со 21 поен и 12 скокови.
Во останатите натпревари од НБА-лигата, Портланд славеше на гостувањето кај Филаделфија со 128-111, Мемфис беше подобар од Шарлот со 117-111, додека Минесота убедливо го совлада Бруклин со 142-116. Сан Антонио славеше против Сакраменто со 123-107 и ја продолжи трката со Лејкерс за првото место на Западот.
РЕЗУЛТАТИ
Портланд – Филаделфија 128-111
Мемфис – Шарлот 117-111
Минесота – Бруклин 142-116
Индијана – Оклахома 125-120
Милвоки – Торонто 116-111
Чикаго – Кливленд 122-108
Феникс – Њу Орлеанс 123-119
Хјустон – ЛА Клиперс 116-104
ЛА Лејкерс – Јута 109-94
Сан Антонио – Сакраменто 123-107