Јокиќ повторно доминира во НБА: Српскиот ас прогласен за играч на неделата!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува да ги воодушевува љубителите на кошарката во НБА-лигата. Ѕвездата на Денвер Нагетс е прогласен за најдобар играч на Западната конференција за изминатата недела, додека признанието на Истокот му припадна на Ентони Дејвис од Вашингтон Визардс.

Јокиќ имаше уште една извонредна седмица, во која просечно бележеше 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции по натпревар.

Србинот посебно се истакна во дуелот со Чикаго Булс, кога запиша неверојатен трипл-дабл со 37 поени, 18 скока и 11 асистенции, во победата на Денвер по продолжение со 151-145.

На Истокот, Ентони Дејвис беше најдобар со просек од 26,5 поени, девет скока и 1,3 блокади.

Фото: Facebook/Denver Nuggets