„Марка“ најави земјотрес: Познато кој ќе го добие трофејот од Африканскиот куп на нации!?

Големата контроверзија околу финалето на Африканскиот куп на нации утре би можела да добие конечна разрешница, а најавите од Шпанија предизвикаа нова бура во африканскиот фудбал.

Според информациите што ги објави новинарот Хуан Кастро од „Марка“, Мароко ќе биде потврден за освојувач на трофејот, со што Сенегал би останал без титулата која ја прослави по победата на теренот.

Финалето се одигра на 18 јануари во Рабат, а Сенегал славеше со 1-0. Сепак, натпреварот го одбележа голем скандал во завршницата, кога сенегалските фудбалери го напуштија теренот во знак на протест по досудениот пенал за Мароко.

Фото: Facebook/Fédération Sénégalaise de Football