Ферстапен за лудилото во Лас Вегас: Веќе победнив на една ваква трка – во Марио Карт!

Макс Ферстапен триумфираше на трката за Големата награда на Лас Вегас, но по завршувањето упати критики за начинот на кој се вози според овогодинешните правила. Според официјалните податоци, на трката биле забележани дури 352 претекнувања и 35 промени на водечката позиција.

На прес-конференцијата по трката, возачот на Ред Бул на шега се обиде да се воздржи од споредбата што често ја користи кога зборува за новите болиди.

„Веројатно не би требало да го кажам ова. Се сеќавам дека победив на ваква трка додека играв Марио Карт“, изјави Верстапен, пренесува „The Race“.

Холанѓанецот објасни дека возачите кои се наоѓаат во воздушниот тунел зад ривалите добиваат поголема брзина, поради што разликите постојано се намалуваат. Иако однадвор трката изгледала хаотично, тој тврди дека воопшто не бил нервозен, бидејќи имал чувство дека само се вози по патеката. Сепак, призна дека ваквиот спектакл веројатно им се допаднал на гледачите.

Многу поостар беше во изјавата за францускиот „Canal+“, каде што директно го критикуваше актуелниот начин на тркање.

„За мене лично, ова не е Формула 1 поради начинот на кој возиме. На телевизија изгледа одлично, но не би требало да биде вака“, порача четирикратниот светски шампион.