Винисиус јавно му се потсмева на Алонсо! (ФОТО)
Како што пренесува шпанскиот „Спорт“, Винисиус на Инстаграм ја лајкнал објавата на популарната страница „433“ за убедливиот пораз на Челси од Лидс со 4-1 на „Стемфорд Бриџ“. Интересно е што лондонскиот клуб од мај годинава го предводи токму Алонсо, со кого Бразилецот имаше турбулентна соработка во Мадрид.
Страницата „433“ подоцна и самата објави дека бразилскиот репрезентативец ја лајкнал објавата, што веднаш предизвика реакции кај навивачите.
👀📲 El CHELSEA de XABI ALONSO cae GOLEADO... ¡y a VINICIUS LE GUSTA! 🔥 El último 'like' del brasileño en redes sociales va a dar muuucho que hablar... https://t.co/6abcVTkRBq
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 21, 2026
Односот меѓу Винисиус и Алонсо беше под лупа уште од почетокот на нивната соработка во Реал. Најголемиот инцидент се случи на 26 октомври 2025 година, на „Ел Класико“ против Барселона. При водство на Реал од 2-1, Алонсо го замени Бразилецот во 72. минута, по што Винисиус бурно реагираше, извика „Секогаш јас!“ и се упати кон соблекувалната.
Неколку дена подоцна тој јавно им се извини на навивачите, соиграчите, клубот и претседателот Флорентино Перез, но во извинувањето воопшто не го спомена Алонсо.
Шпанскиот стратег го напушти Реал во јануари 2026 година, по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп, а во мај беше назначен за тренер на Челси.
Поразот од Лидс доаѓа во незгоден момент за Алонсо. Челси по 11 одиграни кола во Премиер лигата се наоѓа на осмото место со 16 бодови, со учинок од пет победи, едно реми и пет порази.