Тоти се расплака пред камерите: Бев голема будала! (ВИДЕО)

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти не можеше да ги сокрие емоциите за време на телевизиско интервју, во кое отворено зборуваше за моменти од животот за кои денес длабоко жали.

Еден од најемотивните моменти од разговорот беше кога Тоти почна да зборува за својот татко Енцо, кој почина во 2020 година.

„Никогаш не му кажав дека го сакам. Кога ќе ги загубиш луѓето што ти значат, се чувствуваш изгубено и осамено. Ми недостига неговата прегратка. Без него ова е поинаков живот. Денес си велам дека бев голема будала“, откри Тоти низ солзи пред камерите.

Голем дел од интервјуто беше посветено и на неговиот турбулентен развод од Илари Блази, со која со години беше во љубовна романса.

„Нашата љубовна врска не можеше да преживее неверство од било која страна. Се случи. Не можам да простам“, одговори Тоти на едно од прашањата.