Брентфорд со четири гола го растури Евертон во Лондон! (ВИДЕО)

Брентфорд немаше милост за Евертон во 11. коло од Премиер лигата и оствари убедлива победа од 4-0 во Лондон.

Лондонскиот тим преку Кин Луис Потер успеа да постигне голови во 23. и 25. минута, а дополнителен проблем за Евертон стана и црвениот картон на Џејмс Тарковски поради груб прекршок.

Витали Јанелт зголеми на 3-0 во 67. минута, додека на истекот на регуларните 90 минути погоди и Фабио Карваљо за конечни 4-0.

Брентфорд со оваа победа скокна до шестата позиција и има 17 бодови, додека Евертон е на деветто место со 16 поени.

Фото: Facebook/Brentford FC