Монца ја понижи Фиорентина и избега од зоната за испаѓање! (ВИДЕО)
Монца до водство стигна во 45. минута кога Густаво Варела стрелаше од пенал за водство од 1-0, додека истиот фудбалер погоди и на стартот на вториот дел за да ја зголеми предноста на домаќините.
Фиорентина набрзо доби и трет удар, откако Џеј Робинсон во 59. минута ги постави конечните 3-0.
Монца со оваа победа скокна до 14. позиција во Серија А и има 10 поени, додека Фиорентина е на 16. место со девет поени.
Фото: Facebook/AC Monza