Пресврт во Англија: Јунајтед ја доби жалбата, црвениот картон на Јоро е поништен!

Манчестер Јунајтед ја доби жалбата до Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), па црвениот картон на Лени Јоро од натпреварот против Ливерпул е поништен.

Јоро беше исклучен уште во осмата минута од дербито на „Енфилд“, откако направи прекршок врз Александер Исак во ситуација која судијата ја процени како спречување очигледна можност за постигнување гол.

Раководството на Јунајтед веднаш најави жалба, сметајќи дека исклучувањето било неправедно, а ФА реши да ја укине казната за младиот дефанзивец.