Модриќ се повреди и пропушта неколку важни натпревари на Милан!
Медицинските прегледи покажале дека Хрватот има истегнување на мускулот во предниот дел од десната натколеница.
Модриќ ќе ги пропушти натпреварите против Олимпијакос и Каљари, кои се играат до крајот на ноември, а Хрватот најверојатно нема да биде достапен ниту за дуелите против Парма, Сандерленд и Наполи.
Хрватскиот фудбалер оваа сезона настапи на 14 меча за „росонерите“, а притоа запиша две асистенции.
Фото: Facebook/AC Milan