Чкембари дивееле низ Охрид, Манасков нападнал тренер на Охрид! (ВИДЕО)
Според нив, нервозни од неочекуваниот пораз во „Билјанини извори“, битолските ракометари предизвикале неколку инциденти со противничките играчи и тренери, а низ градот дивееле и Чкембари те, кои ги имаше во голем број.
Најголемиот инцидент го направил поранешниот репрезентативец Дејан Манасков кој го нападнал тренерот на Охрид, Крсте Андоноски поради што морала да интервенира и охридската полиција, а за случајот бил направен и записник.

Освен нив двајца, во конфликт за време на мечот влегоа и крилниот играч на Пелистер, Богдан Радивојевиќ и тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ (двајцата Срби). Бесот поради поразот, битолчани го истуриле врз вратата од соблекувалната која буквално ја демолирале.
Што се однесува до Чкембари, тие напаѓале жители на Охрид во центарот на градот и за нив, исто така, интервенирала полицијата.