
Ујпешт го промовира Адеми: Баравме фудбалер кој знае како се освојуваат трофеи
Во 20-кратниот шампион на оваа земја, тој доаѓа по 15 години (со мала пауза во Пекинг) поминати во тимот на Динамо Загреб со кого освои 13 шампионски титули на Хрватска. Со хрватскиот гигант учествуваше и во натпреварувањата на УЕФА, па во Ујпешт е дочекан како голема ѕвезда.
„Баравме фудбалер кој знае како се освојуваат трофеи. Резултатите сами зборуваат за Аријан, не бил случајно капитен на Динамо толку долго време и ние сме среќни што не избра нас покрај толку многу понуди за продолжување на кариерата“, изјави Петер Рататич, претседателот на Ујпешт.
Нов тренер на унгарскиот тим е хрватскиот стручњак Дамир Крзнар со кого Адеми соработуваше во Динамо во неколку наврати и не исклучено тоа да е главната причина што тој го одбра токму Ујпешт. Што се однесува до клубот од Будимпешта, тој е трет најтрофеен во Унгарија, но последниот пехар го освои во 1998 година.