
Кинез направи драма на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
Отпорот аматерскиот тим од Нов Зеланд Бенфика го скрши дури по долгиот прекин, бидејќи до тој момент водеше само со 1-0 со гол постигнат во самиот финиш на првото полувреме. Покрај головите натпреварот беше обележан и со една интересна сцена.
Во центарот на вниманието се најде Кинезот Жуо Тонг, искусен 35-годишен фудбалер на Оукленд Сити, кој направи вистинска драма на теренот кога тренерот сакаше да го замени.
Сцената се случи кон крајот на првото полувреме, кога Тонг доби силен удар со топка во главата и падна на тревата. Медицинскиот тим му укажа помош, а во консултација со нив, тренерот одлучи дека е најдобро да изврши измена и да го замени Кинезот. Но наместо да се согласи, Тонг буквално „експлодираше“ поради таквата одлука.