Скапо ги плаќа навредите кон Македонците: Даку поради глупоста на ЕП остана без трансфер!

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку кој на Европското првенство минатата година се најде во центарот на вниманието поради скандалот кој го направи во натпреварот со Хрватска, сега остана без трансфер токму поради неговото проблематично однесување.

Даку по тој натпревар кој заврши 2-2 и беше преполн со националистички пораки испрати пцовки и кон Македонците со што предизвика бурни реакции, а за тоа заработи суспензија од два натпревари, но и казна од неговиот Рубин.

Во изминатата сезона одигра на високо ниво, постигна 15 голови и додаде осум асистенции, па го привлече вниманието и на гигант како Зенит. Сепак, во преговорите за трансфер тренерот на Зенит Ринат Билјалединов го истакнал неговото проблематично однесување во минатото и нагласил дека тоа може да биде проблем за Зенит, па така трансферот пропаднал.

Фото: EPA