
Ачерби збесна на навивач на ПСЖ: Луд сум – ќе те претепам (ВИДЕО)
Инцидентот се случил кога навивач, облечен во дрес на ПСЖ, му пријде на Ачерби и саркастично го пофали Баркола, потсетувајќи го на една ситуација од убедливиот пораз на Интер со 5-0 во финалето. Тоа предизвика жестока реакција кај 37-годишниот дефанзивец.
„Сериозен сум, не сакам да се прават шеги на моја сметка. Ако кажеш ‘Ачерби-Баркола,’ тоа не е во ред. Луд сум. И ќе те претепам,“ му возвратил фудбалерот, откако вработен во Интер се обидел да му ги преведе зборовите на навивачот.
Интер ремизираше во првиот меч на СКМ против мексиканскиот тим Монтереј (1-1), а вечерва ќе го одигра вториот дуел од групната фаза и тоа против јапонскиот состав Урава.