Вардар се засили со стопер од Аргентина

Фудбалерите на Вардар ги продолжуваат подготовките во Словенија, каде денес од 17:00 часот ќе го одиграат контролниот натпревар против Олимпија Љубљана, а пред овој натпревар од таборот на „црвен-црните“ потврдија едно засилување.

Дваесетгодишниот централен дефанзивец, Мануел Куестас кој е дел од екипата од јануари и со своите настапи и залагање успеал да ја убеди клупската управа и тренерот Гоце Седлоски дека заслужува шанса потпиша договор со важност од четири години.

Очекувањата се Куестас да добие шанса и во подготвителните натпревари, особено во пресрет на квалификациите за Конференциската лига, каде Вардар ќе се соочи со тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.