Дејан Манасков приведен во Охрид!

Дејан Манасков, левото крило на македонскиот ракометен шампион Пелистер, е приведен синоќа во Охрид, соопшти полицијата од тој град. 

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола, објави МВР. 

Според полицијата, поранешниот македонски репрезентстивец по завршувањето на мечот Охрид - Пелистер, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охрид го победи Пелистер со 29-25 и му нанесе болен пораз на македонскиот првак, кој сега заостанува четири бода зад скопски Вардар.
По мечот, ни охридските улици дивееле и гостинските навивачи Чкембари, кои нападнале жители на Охрид во центарот на градот и за нив, исто така, интервенирала полицијата.