Мбапе е незаменлив - постигнал повеќе од пола голови на Реал!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се покажа како големо засилување за шпанскиот гигант Реал Мадрид, а тоа го докажуваат и бројките.

Новинарот Фабрицио Романо објави статистика која покажува дека Мбапе постигнал дури 55,3 отсто од головите на „кралскиот клуб“ оваа сезона.

Тоа значи дека Мбапе бил стрелец на повеќе од половина погодоци за шпанскиот клуб и дефинитивно е незаменлив во тимот на Чаби Алонсо.

Мбапе оваа сезона настапи на 25 меча, а притоа запиша 27 голови и четири асистенции за „кралевите“.