Охрид, Алкалоид и Бутел ги добија противниците во второто коло од ЕХФ Купот!
Бранителот на трофејот, екипата на ГРК Охрид, ќе ги одмери силите против екипата на Спор Тото од Турција. Тимот на Алкалоид го очекува двомеч против австрискиот претставник Ферлах, додека Бутел, предводен од Стојанче Стоилов, за противник ја доби екипата на ХРК Горица од Хрватска. Првите натпревари од оваа елиминациска фаза се закажани за 17 и 18 октомври, додека реванш дуелите ќе се одиграат следниот викенд, односно на 24 и 25 октомври.
Македонија имаше уште еден претставник во ова натпреварување, екипата на Тиквеш, но тимот од Кавадарци ги заврши своите настапи во Европа откако испадна уште во првото квалификациско коло по поразот од Еш од Луксембург.