Пелистер го „демантира“ МВР: Манасков не бил приведен, туку повикан на разговор!

Челниците на Пелистер реагираа на информациите поврзани со настаните по натпреварот во Охрид, истакнувајќи дека нивниот ракометар Дејан Манасков не бил приведен, туку само присуствувал на информативен разговор во полициска станица.

Од клубот соопштија дека Манасков бил повикан во СВР Охрид, по што без никакви мерки бил пуштен да си замине дома, нагласувајќи дека тврдењата за негово приведување не се точни.

„Ракометарот на Пелистер – Дејан Манасков беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид и потоа е пуштен дома. Ги демантираме наводите дека станува збор за приведување“, соопштија од битолскиот клуб.

Сепак, ваквата реакција најмалку е дискутабилна, имајќи предвид дека првичната информација за приведување на Манасков беше објавена врз основа на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи.