Јувентус со 50 милиони евра ќе го решава проблемот на голманската позиција?

На почетокот од сезоната Јувентус се соочува со проблеми на неколку фудбалери, но најголем проблем може да биде голманската.

„Старата дама“ летово имаше ограничен буџет, па го доведе Викарио на позајмица од Тотнем. Во клубот го посакуваа и Мартинез, кој тогаш бранеше за Астон вила, но тој трансфер се искомплицира.

Потоа го ангажираа Камил Грабара, но проблемите продолжија откако голманот по настапот против НЕЦ во Лига Европа се повреди и долго време нема да го гледаме на терените. И тој пристигна на позајмица, од Волфсбург, па останува неизвесно дали Јувентус ќе ја активира откупната клаузула на крајот од сезоната.

Поради тоа, Јувентус бара голман кој би бил долгорочно решение, а изборот наводно паднал на актуелниот чувар на мрежата на Аталанта, Марко Карнезеки.

Јувентус сака да ја искористи ситуацијата што Карнезеки има договор до 2028 година, а преговорите за продолжување на соработката сè уште не започнале. Според одредени информации од италијанските медиуми, цената на трансферот во летото 2027 година би можела да изнесува околу 50 милиони евра.