Фудбалер на македонскиот Рокдејл Илинден убиен вчера во терористичкиот напад во Австралија!
Според последните информации, нападот го извршиле татко и син од кои едниот подоцна е убиен, а покрај 15. загинати, уште 42. се хоспитализирани. Трагедијата се случила на Еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј.
Веста за смртта на Елкајам ја потврди потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски кој изјави дека целиот тим е во шок.
„Јас сум скршен од болка, мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, рече Тасевски за локалните медиуми.
Елкајам (27 години) играл за Фудбалскиот клуб Рокдејл Илинден во последните 12 месеци и бил високо ценет од сите свои соиграчи и членови на стручниот штаб, како и од управата. Францускиот државјанин живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ аналитичар за NBC Universal. Како талентиран и популарен играч во тимот што се натпреварува во Премиер лигата 1, Елкајам бил познат и по својата љубов кон фудбалот, плажите во Сиднеј и патувањата низ Австралија.