Селекторот на фудбалерките беше „икс фактор“ во победата на кошаркарите во Баку!

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Александар Андов, се покажа како „икс фактор“ во триумфот на кошаркарската селекција против Азербејџан, откако заедно со соработниците дојде на полувреме и се покажа како таличен за своите спортски колеги.

ОД БАКУ, АЗЕРБЕЈЏАН

ИГОР КРСТЕВСКИ

Женската селекција утре ќе ги одмери силите со Азербејџанките во меч од квалификациите за Светско првенство, па престојот во Баку го искористи за навивање за кошаркарите.

„Заглавивме во сообраќајниот метеж и дојдовме дури на полувреме, но тоа се покажа како клучен потег. Им донесовме среќа на кошаркарите, кои најважно од се победија на крајот. Требаше да дојдеме целиот тим, но поради метежот фудбалерките се вратија во хотелот и не можеа да помогнат, но доволни бевме само ние од стручниот штаб“, низ смеа ни изјави Андов.