Унгарките пресилни за македонските фудбалерки на натпреварот во Битола

Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од 5-0 против Унгарија во натпреварот кој се играше во Битола.

Прашањето на победникот гостите го решија уште во првото полувреме кога постигнаа четири гола. Резултатот беше отворен во втората минута со голот на Папаи, потоа Чани двапати стрелаше, за во финишот од првиот дел Савана да се погрижи и за четврти погодок.

Во второто полувреме Унгарките не напаѓаа премногу, но сигурно ја чуваа стекнатата предност. На две минути пред истекот на регуларните 90 Ана Јулија Цики ги постави конечните 5-0.

Македонија по овој пораз останува трета со три бода, Унгарија е лидер во групата со седум бода, а за четири дена ќе играме нов натпревар против истиот противник, сега на гости.