Баерн го истрола Реал и на социјалните мрежи и тоа со познатата реченица за „Бернабе“ (ФОТО)

Иако повеќе пати последната деценија испадна од Реал во Лигата на шампионите, Баерн го дочека моментот да му одмазди на својот голем ривал за сите фрустрации.

Синоќа на домашен терен го комплетираше големиот триумф и пласманот во полуфиналето од елитното европско натпреварување, а тоа знаеше да го одбележи и на социјалните мрежи.

„90 минути на Алијанц арената е долго време“, напиша администраторот на Баерн, алудирајќи на познатото мото за „Сантијаго Бернабе“.

Со таа реченица навивачите и легендите на Реал најчесто ги плашат своите ривали иако последните години стадионот во Мадрид не е таков бастион како порано. Лани таму славеше Арсенал, годинава Баерн, а и во шпанското првенството, бодовите ги однесоа Гетафе и Селта.

Втората алузија е тоа што двата гола за пласман во полуфиналето, Баерн ги постигна во последните минути од мечот што значи дека Реал не издржал да се одбрани на Алијанц арената.