Моќен старт на шампионот: Оклахома со 35 разлика го однесе Феникс (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на НБА, Оклахома Сити Тандер потврди дека и оваа сезона ќе биде најсериозен кандидат за титулата.

Во првиот меч од плејофот, бранителот на трофејот го разнесе Феникс со 119-84 на домашен терен најавувајќи уште еден атак на тронот. Колку беше доминантна Оклахома, немаше потреба никој од играчите на шампионот да игра повеќе од 29 минути, ко0лку што на теренот поминаа Гилџес Александер и Вилијамс.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кое домаќините го добија со 65-44, а во последниот период разликата се искачи и до 39 разлика. Триумфот на Оклахома беше највисок во првите натпревари од плејофот во НБА лигата.

Гилџес Александер повторно беше најефикасен, сега со 25 поени иако со лош шут од игра (5/18). Вилијамс додаде 22, а Холмгрен 16 поени. Кај Феникс, Букер заврши како прв стрелец со 23 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Сан Антонио – Портланд 111-98
Детроит – Орландо 101-112
Оклахома – Феникс 119-84
Бостон – Филаделфија 123-91