Падерборн го нокаутира Волфсбург и се врати во Бундеслигата

Фудбалерите на Падерборн триумфираа со 2-1 против Волфсбург во вториот меч од баражот за пласман во Бундеслигата и ќе заиграат во германската елита по шест сезони.

Џенан Пејчиновиќ погоди за водство на Волфсбург во третата минута, но во 14. минута гостите се соочија со голем проблем поради исклучувањето на Маеле поради два жолти картони.

Филип Билбија успеа да израмни во 38. минута на 1-1, по што Падерборн постојано го напаѓаше Волфсбург и два пати ја погоди рамката од голот.

Падерборн конечно стигна до пресврт со гол во 100. минута, по што „волците“ не успеаја да се спасат од пораз и испаѓање во понизок ранг.