Будуќност го надигра Дубаи и избори „мајсторка“ во полуфиналето на АБА
Во првото полувреме се водеше голема борба меѓу двете екипи, а на полувреме со водство од четири поени (46-42) замина Будуќност.
Двете екипи продолжија со одличната игра и силното темпо во вториот дел, а победникот беше решен во самата завршница, кога црногорската екипа оствари победа од 91-90 и избори „мајсторка“ во АБА-лигата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Сулајмон со 16 поени, додека Кабенгеле запиша 25 поени за Дубаи.
Фото: Facebook/KK Budućnost VOLI