Историја: Погачар по петти пат во кариерата го освои Тур Д'Франс

Најдобриот велосипедист во светот, 27-годишниот Тадеј Погачар по петти пат во кариерата го освои најпознатата велосипедиска трка Тур Д'Франс.

Погачар со оваа победа стана петтиот велосипедист во историјата кој успеал да се закити со пет титули на оваа трка, откако претходно славеше во 2020, 2021, 2024 и 2025 година.

По пет победи на Тур Д'Франс имаат француските велосипедски великани Жак Анкетил (1957, 1961, 1962, 1963 и 1964) и Бернар Ино (1978, 1979, 1981, 1982 и 1985), Белгиецот Еди Меркс (1969, 1970, 1971, 1972 и 1974) и Шпанецот Мигел Индураин (1991, 1992, 1993, 1994 и 1995). Сепак, 27-годишниот Словенец Погачар стана најмладиот петкратен победник на Тур де Франс.