Ливерпул тргна по ѕвезда на Челси, но доби брутален одговор!

Англискиот гигант Ливерпул ја разгледува опцијата да го ангажира Педро Нето од Челси, но за неговиот потпис ќе мора да издвои голема сума на пари.

„Сините“ наводно се подготвени да го продадат Нето, но за трансфер на фудбалерот бараат над 100 милиони фунти.

Клубот од „Стемфорд бриџ“ смета дека Нето вреди колку Јан Диоманде и Бредли Баркола, кои веќе се проценуваат на сума над 100 милиони евра.

Поради тоа Ливерпул нема да има лесна задача да реши дали ќе тргне по потписот на португалскиот репрезентативец.

Фото: Chelsea Football Club